Дибиров: Сега Самсонеко мора да ги исполнува ветувањата на други за опстанокот на Вардар

Кога вторпат ја освоивме ракометната Лига на шампионите, некои луѓе кажаа дека Вардар ќе опстои, сега Сергеј Самсоненко мора да ги исполнува туѓите ветувања особено од државните функционери, вели во интервјуто Балкан Хандбал кое го пренесува порталот Вардар Фанс, еден од најдобрите играчи на скопскиот тим, Тимур Дибиров.

Двократниот европски ракометен шампион скопски Вардар повторно е соочен со проблеми, се ретчи играчкиот кадар поради неизвесноста со натамошното финасирање на клубот.

Дибиров во разговрот истакнува дека најголем проблем на екипата во моментов е што нема доволен број играчи, ниту за еден нормален тренинг. Сѐ повеќе се намалува изборот на играчи, а тоа носи големи проблеми во подготовката на тимот во пресрет на натпреварите.

Без разлика на проблемите, Дибиров ветува борба до самиот крај, имаат респект, но не се плашат од никој противник. Се додека има надеж ќе се борат да стигнат што подалеку и оваа сезона во Лигата на Шампионите.

Сопственикот на клубот поради финански проблеми бил решен уште на крајот од минатата сезона да го остави клубот, но некои луѓе во земјава му дале ветување дека клубот ќе опстои, ветувања кои останале празни….

Кога по втор ја освоивме Лигата на Шампионите, некои луѓе кажаа дека Вардар ќе опстане. Тука не мислам на луѓе од клубот, туку за моќни луѓе во државата. Рекоа дека ја имаат нивната поддршка и дека нема никогаш да не остават. Знам дека има луѓе на кои не им е сеедно во моментов, има многу навивачи кои искрено го сакаат Вардар, кои од срце навиваат на секој натпревар, но народот секако дека не може да ја промени состојбата. Не можам да разберам дека клубот дојде до нула, тоа е чудно. Се знаеше во какви проблеми е клубот, дадоа ветување дека ќе помогнат и на крајот ништо…Сега Самсоненко дојде во ситуација да ги покрива долговите, за оние кои ветуваа. Единствената причина поради која Самсоненко не го остави клубот на крајот од минатата сезона, беше поради ветената помош. Тој на сите нас ни кажа , момци на мене ми е тешко, не можам повеќе да го финансирам клубот“. После настапот во Келн, луѓето од државата кажаа дека ќе има помош. Сега дојде во ситуација да бара пари, за туѓите ветувања., открива Дибиров.

Играчите речиси од почетокот на сезоната немаат земено плата, иако Самсоненко дал ветување дека истите ќе бидат подмирени до крајот на сезоната. Поради туѓите ветувања, сега мора да ги изнесе на свој грб сите проблеми во клубот и да ја подобри ситуацијата. Дибиров истакна дека играчите имаат голем респект кон Сергеј, но и тој спрема нив, па затоа им ветил дека се ќе биде исплатено до крајот на месец мај.

Седум години, Самсоненко вложуваше свои пари и правеше се што е во негова моќ. Дојде моментот, тоа беше месец мај минатата година кога дојде и ни рече, момци јас не можам веќе, ќе ви исплатам се до крај на сезонава, но понатаму не можам да продолжам. Со таков договор го одигравме и четврт-финалето против Пик Сегед. Почнавме да бараме и нови клубови, бидејќи човекот дојде и чесно ни ја кажа вистината. Можевме само да му се заблагодариме, за се она што го стори за сите нас во клубот.После Келн му е дадено збор на Самсоненко дека ќе се помогне клубот да се одржи на исто ниво, а тој рече, добро останувам ако имам поддршка, сакам и трета титула во Лигата на Шампионите. На тој начин останавме во клубот, чекаме стабилизација во Вардар, беше кажано дека се ќе среди за месец дена. Човекот кој сакаше да го напушти клубот, сега мора на свој товар да ги понесе туѓите ветувања, ниту тогаш, ниту сега ги има тие пари. Поради огромниот респект кој го има спрема нас играчите на последниот состанок ни кажа, не знам кога, но до крајот на сезоната ќе се обидам да ги подмирам сите долгови кон вас. Не можам да верувам, бидејќи луѓето цело време ми зборуваат, ќе помогнеме, ќе помогнеме, а нема ништо од тоа. Ние го разбираме, имаме исто така големо почитување спрема него, но политичките игри, неговиот бизнис, ние играчите не би требало да зависиме од тоа. Имаме и ние свои кариери, ќе се бориме, луѓето кои го разбираат ракометот знаат што ни се случува, појасува Дибиров чие натамошно останување во ВАрдар исто така е неизвесно.