Дибиров во „клубот“ на играчи кои постигнале 900 голови во ЛШ

Вардар загуби од Киелце, но Тимур Дибиров запиша „јубилеј“

Еден од најдобрите играчи во историјата на Вардар, влезе во „клубот“ на играчи кои успеале да постигнат повеќе од 900 голови во Лигата на Шампионите. На дуелот со Киелце, руското лево крило постигна пет голови, со кои стигна до бројката од 900 погодоци во најголемото натпреварување.

Дибиров стана четврди најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Првото место му припаѓа на легендарниот капитен на Македонија, Кирил Лазаров, по кој следуваат Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.