Диего Симеоне по триумфот над Барса: Многу сме добри

Конечно по долги години, неколку сезони без победа во Ла Лига, синоќа Диего Симеоне со својот Атлетико Мадрид ја урна Барселона. Успеа да триумфира на “Ванда Метрополитано“ со 1:0 и да освои големи и важни три бода во битката за врвот на табелата во елитната лига на Шпанија.

Се разбира дека Аргентинецот беше многу среќен по мечот, а ги пофали и неговите играчи за тоа што го покажале на дербито.

“Многу сме добри. Нашата екипа игра навистина добро во последно време. Тоа го кажувам веќе некое време. Сега ја имаме сета самодоверба за да продолжиме со исто темпо. Секогаш е одлично кога работата на тренингот ќе се претвори во добар резултат. Овие играчи даваат се од себе за тимот. Треба само да продолжиме со ова темпо“изјави Симеоне.

Кога сме кај Ла Лига да споменеме дека на тие осум мечеви Атлетико Мадрид нема пораз и примил само два гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.