Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи во јануари

84

Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи во јануари, изјавил премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, пренесе српската агенција „Бета“.

Според Дачиќ се’ уште не е одреден датумот за следниот круг на преговори, но не е исклучена можноста со косовскиот премиер Хашим Тачи, да се состанат на 17 јануари.

На следната средба двајцата ќе разговараат за формирање на Здружението на српските општини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.