ДИК: До 13.40 часот гласале 25,79 отсто од гласачите

Излезноста на денешните претседателски избори до 13.40 часот е 25,79 отсто,  информираат од Државната изборна комисија. Од таму појаснуваат дека гласале  415. 670 лица.

Ако се гледа процентуално, најголема излезноста е во Новаци 50,3 отсто, но тоа се само 1.520 гласачи. Досега во Битола има најголема излезност 35,01 отсто, односно,  28.557 гласачи.

Во Општина Аеродром излезеноста е 33,46 отсто, Кисела Вода 36,22 отсто,  Струмица 28.80 отсто , Кавадарци, 31,71 отсто, Охрид 31,81 отсто. Во Центар гласале  34,98 отсто. Во Гевгелија пак гласале  36,87 отсто од избирачите, а во Куманово 23,31 отато.

Помала излезност има во Куманово и тоа 23,31 отсто, во Тетово 9. 235 гласачи или11,61 отсто , во Струга каде гласале 11,02 отсто, во Центар Жупа само 3 во Театрце 21,04 отсто, во Дебар 7,04 отсто, во Пласница 279 жители, Врапчиште 5,74, во Сарај 1.451 што е 4,95 отсто, Желино 1307 или 4,78 отсто и Боговиње 1.180 гласачи. Во Липково гласале 877 граѓани додека во Арачиново 391 жител.

Податоците за излезноста на гласачите се од 3.156 избирачки места односно од 89,86 отсто од вкупно 3.480 избирачки места во државата.

На претседателските избори во 2009 година во истиот временски период излезноста била 26,25 отсто.

Државната изборна комисија постојано ги ажурира податоците кои што пристигнуваат до нивиот информациски центар, и во реално време ги објавува тука.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.