ДИК: До 18,30 часот гласале 44,54 отсто, постигнат е цензусот

На својата редовна прес конференција, Државната изборна комисија објави дека до 18,30 часот излезноста на претседателските избори изнесува 44,55 отсто.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски додаде дека денешниот изборен ден поминал мирно и оти нема пријави за посериозни инциденти или попречувања на гласачкиот процес.

Податокот е по обработката на податоците од 99,67 отсто од вкупно 3.512 избирачки места