ДИК информира за излезност над 14 проценти до 11 часот

Гласањето се одвива нормално, освен мали технички проблеми на неколку избирачки места кои се надминати, истакна на втората прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

До 11 часот излезноста е 14,18 проценти, а вкупниот број на избирачи кои гласале се 160.035.

Поголема излезност е регистрирана во Ранковце 38,2%, Вевчани 31,24%, Демир Капија 30,14%, Пехчево 28,44%, Конче 26,74%, Демир Хисар 25,19%, Битола 19,56“.

Во Оштините Сарај, Боговиње има најмала излезност од 11 часот со околу 6 проценти.