ДИК: Излезноста до десет часот е 9,16 отсто

Излезноста на денешните претседателски избори е 9,16 отсто, информираат од Државната изборна комисија.

Според досегашните податоци, кои што постојано се менуваат, најголема е излезноста во Прилеп, каде што до 10 часот гласале 15,43 отсто, потоа следат Битола со 13, Струмица со 10,81 и Штип со 13,94 отсто.

Меѓу општините со најмала излезеност, во овој период, се Арачиново со само 0,92 отсто, по нив следи Боговиње каде што досега правото на глас го искористиле 303 гласачи, а ниска излезност има и во општината Врапчиште со само 1,11 отсто до 10,45 часот.

Државната изборна комисија постојано ги ажурира податоците кои што пристигнуваат до нивиот информациски центар, и во реално време ги објавува тука.