ДИК: Немаме надлежност да одлучуваме за назначување на функционери

ДИК се прогласи за ненадлежена за да го реши спорот меѓу министерот Чулев и неговата дополнителна заедничка Петровска во врска со именувањето на новиот шеф на СВР Скопје.

Со едногласна одлука членовите на ДИК констатираа дека не станува збор за прашање поврзано со правни финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

Со оваа одлука ДИК практично утврди дека именувањето на Ристо Ставревски за нов началник на СВР Скопје потпишана од техничкиот министер Чулев е легална.

Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство. Одлуката на ДИК е конечна.