ДИК по обработени 80 отсто од гласовите: СДСМ 36,48, ВМРО-ДПМНЕ 35,47, ДУИ 10,73, АА и А 8,41 отсто

Од преброени гласови од 2.800 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 80 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,48 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,47.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10,73, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,41, за Левица 4, ДПА 1,41 и за Интегра 1,36 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Според број на гласачи, од досега обработените податоци, за СДСМ гласале околу 232.000 избирачи, за ВМРО-ДПМНЕ 226.000, за ДУИ 67.000, за Алијанса 53.000, за Левица 25.500, за ДПА 9.000 и за Интегра 8.500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.