ДИК преброи 65 отсто од гласовите за Скопје – Арсовска води со над 2.000 гласа пред Шилегов

Државната изборна комисија (ДИК) се уште ги пребројува гласовите од вчерашните локални избори. За Град Скопје досега се преброени 65% од гласовите, а според нив Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во благо водство пред Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ.

Поточно, Арсовска засега има 54.928 гласови, а Шилегов 52.730 гласови, или 2.198 разлика. Зад него е кандидатот на Левица, Перо Георгиевски-Камиказа, со 12.349 гласови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.