ДИК се уплаши од Бејли, ќе ги поништи одлуките за бонусите

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК), попладнево околу 14 часот итно ќе се собрат на состанок, откако ден претходно амбасадорот на САД, Џес Бејли, обелодени дека тие, зад затворени врати си изгласале дополнителни плати по завршувањето на парламетарните и локалните избори.

Амасадорот Бејли посочи дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските локални избори. А, претходно, тие дополнително добиле и плата за пет месеци по изборите во 2016 година.