ДИК: Сите 12 избирачи позитивни на ковид-19 или во изолација гласаа за градоначалник на Штип

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека денеска на предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница, своето право на глас го остварија лицата позитивни на ковид-19 и лицата во самоизолација.

На изборите за гласање беа пријавени само 12 лица од Штип.

Од 12 пријавени за гласање во општина Штип, до 14 часот сите го остварија своето право на глас, соопштија од ДИК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.