ДИК во 18 часот почнува со разгледување на приговорите

Државната изборна комисија од денеска во 18:00 часот започнува со разгледување на приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на предвремените парламентарни избори.

ДИК ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за евентуални изборни нерегуларности чиј рок заврши соноќа во 19:30 часот.

Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката за гласање за што рокот заврши во петокот во 21 часот, а ДИК за нив треба да одлучи во рок од 72 часа од поднесувањето. До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето. Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.

Поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. ДИК треба да се произнесе по приговорите во рок од 72 часа.