Дилан Гроневеген ја освои седмата, најдолгата етапа на Тур де Франс

Велосипедистот Дилан Гроневеген ја освои седмата етапа од Тур де Франс која се возеше денеска од Фугерево до Шартр, а долга 231 километар. Холанѓанецот ги победи Фернандо Гавирија и светскиот шампион Питер Саган во тежок искачувачки спринт на крајот од денешната фаза.

Тоа беше прва етапна победа на оваа турнеја за возачот на „LottoNL-Jumbo“ и втората од неговата кариера, по победата во последната етапа во Париз минатата година.

Главните кандидати за жолтата маичка ја преминаа целната линијата во главната група, но Грег Ван Авермат од „BMC Рејсинг“ ја зголеми предноста на шест секунди отако освои бонус за спринтот од 31 км пред целта. Гераин Томас од „Тим Скај“ останува на второто место, а трет е тимски колега на Ван Авермает, Тејај ван Гардерен, кој заостанува осум секунди назад. Бранителот на титупата, Британецот Крис Фрум од „Тим Скај“ ја дели 13 позиција со заостаток од 65 секунди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.