Дилери фатени со кокаин во автомобил

Полицијата уапсила тројца дилери на дрога, ноќеска во Тетово, информираше МВР.

На 27.09.2018 година околу 2.20 часот на улица Вонвардарска, полициски службеници од СВР Тетово запреле патничко возило „даеву матиз“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(36) од Тетово. Во возилото биле и Х.К.(41) од село Мала Речица и Б.С.(40) од Тетово. При личен преглед на Б.С. била пронајдена зипер кесичка со марихуана. Тој почнал да бега, но набргу бил стигнат и фатен. Исто така, под возачкото седиште во возилото било пронајдено ќесе со кокаин, велат од МВР.

Трите лица биле лишени од слобода и по документирање и расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.