Димишков: Камчеви сакаа да ме искористат

Судскиот процес за „Рекет“, денеска продолжи со сослушување на сведоци. Пред судот пристапи адвокатот Васил Димишков, кој е брат на судијката Весна Димишкова.

Васил Димишков имал неколку средби со Ана Камчева. Тој сведочеше во судница дека подоцна сфатил дека требало да биде искористен.

„Ги препознав нивните намери. Можеби не сум во право, но јас сметам дека, и во тој момент сметав, сакаат да ме искористат. Да ме ангажираат како бранител, а тоа сигурно и е добро познато на Ана Камчева бидејќи ми е колешка, во тој случај судијата кој постапуваше по претходна постапка, односно, мојата сестра по сила на закон, ќе биде изземена од предметот. Анализирајќи го разговорот што го имав со Милески и Камчева проценив дека, не би требало да прифатам да бидам бранител. Од тие причини кога се јави господинот Милевски за да му кажам колку чини мојата услуга, јас му кажав сума за која што знаев дека за нив нема да биде прифатлива. И откако ја кажав висината на наградата, потоа никој не ме бараше“, сведочеше Васил Димишков во судница.

Тој додаде дека го познава Бојан Јовановски, а летото 2017 година бил и препорачан како адвокат во ново формираниот „Меѓународен сојуз“. Бил на средба и се запознал Јовановски.

Подоцна соработката ја прошириле и кон „1ТВ“ за блокади, сметки и извршувања, па се гледале со Бојан Јовановски.