Димитриеска Кочоска: Целта на кампањата „Твојата идеја за промени” е граѓаните да даваат што повеќе идеи бидејќи тие се локомотивата за развојот општината

Овде сме во општина Виница, во рамки на кампањата „Твојата идеја за промени”. Целта на нашата кампања нели е да може да граѓаните да даваат свои идеи и еве веќе втора недела тоа го прават, рече во саботата Гордана Димитриеска Кочоска,  потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Не случајно значи ја организираме оваа кампања, граѓаните се локомотивата за развојот на локалната ајде да кажеме самоуправа или општината во која што живеат. И од таа причина ние организираме веќе втора недела со физичко присуство давање на идеи, но во исто време со цел да се собере што е можно повеќе идеи отворивме и интернет страна budzet.mk каде што граѓаните можат да ги даваат своите идеи.

Морам да кажам дека на мое многу големо ајде разочарување или да кажеме навистина голем жал имаме ситуации каде што инфлацијата ни е 19.5% и ние како ВМРО-ДПМНЕ дававме еден куп предлози како да го надминеме тој проблем и како да не бидеме држава која што има, или една од државите која што има највисока инфлација во Европа. За жал сето тоа наидуваше на пречки, нема никаков слух од Владата во рамки нели на прифаќање на некои од овие наши предлози. И со оглед на тоа дека тука имаме препреки ние се фокусираме на она каде што навистина можеме да помогнеме, а тоа е токму граѓаните во рамки нели на општините каде што имаме наши градоначалници и од таа причина е организирана оваа кампања. Жал ми е што не можеше минатата година да се организира бидејќи на крајот на годината градоначалниците ги преземаа општините. Но, затоа ние она што го ветуваме и го исполнуваме, еве граѓаните и тоа можат да го видат. Го ветивме и годинава го исполнуваме. Голем дел од тие идеи ќе се вклучат и во рамки на самите буџети.

Морам да споменам дека сега и со градоначалникот на општина Виница поразговаравме околу плановите за 2023 година и она што е сработено во 2022 година. И драго ми е што и понатаму во општина Виница приоритет ќе биде реализација на инфраструктурните проекти. Значи и тие и во овој момент работат на реконструкција, асфалтирање на улици во село Градец, Блатец. Во Виница исто така планирани се инфраструктурни проекти односно асфалтирање на улици и за следната 2023 година. Имаме исто така планови и на барање исто така на граѓаните за довршување на дел од водоводна и канализациона мрежа, за најмладите исто така нели игралиште за деца. И она што исто така многу ме радува каде што младите не се изоставени, во буџетот за 2023 година имаме план односно градоначалникот веќе предвидува изградба на една отворена теретана која што нели ќе биде за најголема среќа на млади, но во исто време се надевам дека и многу од повозрасните луѓе со цел да имаат подобро здравје ќе ја користат да кажеме таа отворена теретана.

Значи целта на нашава кампања е што повеќе идеи бидејќи сметаме дека никој подобро не може да ги каже идеите и што му треба на одредено населено место од луѓето кои што живеат таму“, рече Димитриеска Кочоска во изјавата за медиумите