Димитриеска Кочоска: Даваме издржани предлог перки во интерес на на граѓаните и компаниите, власта предводена од СДС и ДУИ ги одбива без никакво образложение

„И покрај сите наши напори да дадеме издржани предлог мерки кои ќе бидат во интерес на граѓаните и компаниите, власта предводена од СДС и ДУИ ги одбива а притоа не даваат никакво образложение“, истакнува на Фејсбук Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа во објавата вели: „Денес го одбија нашиот предлог за одлагање на примената на прогресивното оданочување до 2024“.
„Со ваквата нивна одлука почнувајќи од 01.01.2023, ќе следи:
➡️плаќање на повисоки даноци на личен доход и со тоа пониски плати за некои вработени ( кои имаат потпишано договори за бруто плата) или повисоки давачки за компаниите
➡️ќе се плаќаат повисоки даноци за рента која ќе падне на терет на закупецот или закуподавачот
➡️ќе се плаќа данок на камати на депозити
➡️ќе се плаќа повисок данок на дивиденди итн..
Граѓаните и компаниите ќе плаќаат за да се полни буџетот кој од друга страна се разграбува❗
Власта уште еднаш покажа дека не е заинтересирана за граѓаните и стопанството на кои им го отежнува живеењето и функционирањето, туку се грижи како повеќе да ги наполни џебовите преку провизии, трошејќи ги народните пари на договори во четири очи“, вели Димитриеска Кочоска.