Димитриеска – Кочоска: Денеска Македонија ќе се задолжи за нови 50 милиони евра

Денеска Македонија ќе се задолжи за нови 3 милијарди денари или 50 милиони еврапари на граѓаните.

На 14.01.2020 имавме задолжување исто така од 500 милиони денари, а на 28.01.2020 1.3 милијарди денари.

Македонија се задолжува, а нови инвестиции немаме, економијата стагнира и е на последното место во Западен Балкан по раст. Каде одат овие огромни суми, кога граѓаните не гледаат никкаков бенефит?

Да бидеме по прецизни, со денешната аукција имаме 37,300.000 милиони евра нето долг, додека капиталните инвестиции заклучно со денес 11.02.2020 се 16 милиони евра. Тука се поставува прашањето каде е разликата од 21 милиони евра и за што ќе служат овие средства?

Нелогичноста оди подалеку кога ќе видиме дека Владата потрошила 450 илјади евра за изградба на депонии, а внимавајте цели 350.000 илјади евра за реконструкција на споменици и 200.000 евра на нови моторни возила.

Државата се повеќе се задолжува, а граѓаните треба да знаат што се случува со нивните пари, додека квалитетот на живот во Македонија стагнира и никој не живее подобро. Животот на кредити и крпен живот не е тоа што го очекуваат и сакаат граѓаните во Македонија.

Ваквото во најмала рака несериозно располагање со парите на народот е неприфатливо и тоа мора да се промени.