Димитриеска-Кочоска: Доставив предлог за ребаланс на 24 март, а сега сме месец и половина после тој датум

49

Дополнителната министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека допис со предлог да се направи ребаланс на Буџетот доставила на 24 март и дека сега нема детали за ребалансот што го најави министерката Нина Ангеловска, не е вклучена во однос на детали околу пресметките и проекциите.

-Уште на 24 март јас доставив писмен допис до министерката во кој имаше многу мои предлози и кои ставки треба да се скратат како најургентни во моментот предложив да се направи ребаланс на буџетот. Ние сме месец и половина после тој датум кога го доствив тој допис и Министерството за финаснии започнува процедура околу подготовката на ребалансот на Буџетот. Немам детали за тоа што се случува околу тоа затоа што јас во Министерството со луѓето комуницирам кога имаат потреба да потпишам некое ново задолжување, а во однос на деталите околу пресметки, проекции не сум вклучена, изјави таа во гостување на ТВ 24.

Вели дека ја згрижува тоа што во делот на планирањето во МФ се водат од тоа што се случува во месец април, а се однесуваат на март.

-Да не заборавиме до 25 април беше продолжен рокот да се поднесуваа ДДВ за претходниот месец, така што приливите кои стигнуваат во буџетот, се приходите за месец март. Она што ќе се случува во месец април, мај и јуни кај оние најпогодените индустрии, каква ќе биде пресметката и колку тие ќе имаат пад во ДДВ во најголем дел ќе го видиме до 25 јули кога ги имамем кварталните обврзници, истакна Димитриеска Кочоска.

Оцени дека ова ќе биде тешка година и дека според неа падот на економијата ќе биде поголем од оној што го проектираше Министерството за финансии од 3,4 отсто, а дека мерките и средствата што се потребни се задоцнети.

За намалување на платите на администрацијата, вели дека кон ова треба да се пристапи, кога претходно ќе се направи ребаланс траснпратен и се покаже од каде се ќе се направи кратење и дека е направен максимум и оти мора сите да бидат солидарни.

Сепак, вели дека кај вработените во администрацијата кои се на неопределено време нема што да се прави, но оти може да се намали кај оние со договори на дело, консултантски услуги, привремени вработувања, бидејќи тие се ангажираат за зголемен обем на работа.

Во однос на задолжувањата таа вели дека ќе имаат ефект врз економијата и дека тие нема да остават простор за понатаму дополнително да се задолжиме, но дека тоа може да се надмине со тоа што ќе се направи сериозна реформа и ќе се намали сивата економија, со што ќе се зголемат буџетските приходи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.