Димитриеска Кочоска: Годишната стапка на инфлација од јуни 2020-та постојано расте

Годишната стапка на инфлацијата од јуни 2020 година наваму расте, со што стануваат поскапи животните трошоци на македонските граѓани, забележува во своето обраќање до јавноста Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ

„Поскап живот! Годишната стапка на инфлација од јуни 2020 година наваму расте!
Во декември 2020 година е 2,3 отсто. Тоа значи дека трошоците на живот во декември 2020 година се повисоки за 2,3 отсто во однос на декември 2019 година“, Димитриеска Кочоска.

Натаму, таа појаснува поради кои причини земјата е влезена во постојан тренд на раста на инфлацијата и поради што таа се јавила.

„Имаме поскапа храна (особено масла и масти, зеленчук и овошје), повисоки трошоци за домување (заради растот на цената на струјата), поскапи цигари, повиски трошоци за фармацевски производи и медицински услуги, повиски трошоци за туристички аранжмани, повисоки трошоци на услуги за сместување. Раст на трошоците има и кај производите за домаќинство (нетрајни) и на трошоците за високо образование“, додава Димитриеска Кочоска.

Истакнува дека една четвртина од инфлацијата е токму поради неоправданиот раст на цената на струјата.

„Во услови на длабока рецесија, отпуштања од работа, намалени плати, намалени приватни трансфери од странство, со еден збор намален доход на населението, Владата на Зоран Заев го поскапе животот! Цената на електричната енергија се пренесе и врз цените на другите производи и услуги. Ова трајно поскапување на струјата зар ќе се покрие само со еднократна помош од 6.000 денари за одредени категории на граѓани?

Животот за нив генерално го поскапе оваа Влада. Кого лаже и замајува Зоран Заев!

И за крај која просечна плата расте? Она која се заснова на изгубени нископлатени работни места. Над 50.000 луѓе останаа без работа ама во математиката за просечна плата ги нема“, стои во кусата анализа на Гордана Димитриеска Кочоска објавена во нејзина фејсбук објава.