Димитриеска Кочоска: Неопходно е кратење на непродуктивните трошоци, да не се дозволи енормен раст на јавниот долг

Најголемиот проблем кој оваа влада го прави, е тоа што во континуитет се задолжува, а во исто време не сакаат да погледнат во трошоците кои ги прават, и да видат што може да се намали, а простор за намалување на трошоците има. Имено имаме повеќе од 300 милиони евра во разни расходи, за кои треба да се погледне каде одат, рече Гордана Димитриеска Кочоска член на Извршниот комитет а ВМРО-ДПМНЕ при посетата во ОК Ѓорче Петров.

Рече дека кога ќе се погледнат прогнозите за јавниот долг до 2026 година, состојбата е многу тешка. Кочоска потенцирапе притоа  дека новите задолжувања кои што ќе доаѓаат ќе бидат со повисоки каматни стапки.

Го повика министерот да крати на трошоци, и да не се дозволи јавниот долг во 2023 година, како што е напишано во прогнозите да достигне 65,9 проценти, бидејќи тешко ќе се враќа, особено ако се земе предвид фактот дека продуктивноста во Македонија паѓа, народот се иселува, а фирмите работат катастрофално.

„Немаме инвестиции во приватниот сектор кои што се подлога за еден подолгорочен, постабилен развој на компаниите, а тие се тие кои го генерираат приходот во Буџетот, така да не гледам некое добро сценарио“, рече Кочоска потенцирајќи уште еднаш дека мора да дојде до кратење на трошоците.