12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Димитриеска Кочоска: Никој не верува дека ќе има раст на економијата, само Владата на Заев верува во таквите измислици

Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека ниеден економски стручњак во земјата не верува дека ќе има раст на економијата, освен Владата на Зоран Заев верува во таквите измислици.

„Никој не верува дека ќе има раст на економијата, само Владата на Зоран Заев верува во таквите измислици. Сите кажуваат дека е поскап животот, само Зоран Заев вели дека се зголемува животниот стандард.

До кога со лагите и измислиците? Ќе понесе ли некој одговорност?“, прашува Димитриеска Кочоска.