Димитриеска-Кочоска од Ростуше: За разлика од погрешните политики на СДСМ кои ја уназадуваат оваа општина, ние го имаме Мевмед Џафери кој е посветен на своите сограѓани и општината

Денеска сме во Ростуше, во општината Маврово Ростуше, во поддршка на нашиот кандидат за градоначалник доктор Мевмед Џафери. На Маврово Ростуше како општина и се потребни промени, промени од две причини. До сега веќе имаше Маврово Ростуше кандидат од страната на СДСМ кој што повторно е нели нивни кандидат и веќе прочитана книга, кој што се споменува во некакви сомнителни поделби на парцели, деградирање на луѓето, поделби, рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во средата.

„Зборува СДСМ вчера дека во Маврово Ростуше имало некаков развој како општина, но фактите зборуваат нешто сосема друго, а тоа е  дека во двата последователни изборни циклуси за кандидат за градоначалник не можеше да се оствари цензусот од причина што народот од тука се иселува, а во последните 5 години тоа е масовно и токму заради тоа за прв пат два пати по ред ние не можеме да имаме избори кој што ќе бидат успешни.

За разлика од овие погрешни политики, никаков развој и уназадување на оваа општина, ние го имаме како кандидат докторот Мевмед Џафери како што кажав, човек кој што е познат меѓу населението тука, човек кој што е посветен на своите сограѓани, човек кој што е честит, чесен и човек кој што ќе направи се и ќе се посвети на општината максимално. Од таа причина, значи ги повикувам граѓаните на општина Маврово Ростуше да излезат во сабота и да го подржат нашиот кандидат,а тоа е доктор Мевдем Џафери“, рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.