Димитриеска-Кочоска: Сега наместо да се стимулира потрошувачката – се намалуваат платите

Дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија изјави дека задоцнета е реакцијата на владата. Како и да е, времето неможе да се врати назад и мора да се размислува напред во насока на спречување на поголема финансиска криза.

-Значи ние сега имаме само сет на мерки кои се однесуваат само на угоститеството, туризмот, објекти за сместување и транспорт. Ама морам да објаснам дека тоа не е субвенционирање, туку е ослободување за период март, април и мај од плаќање на придонеси. Сега треба да видиме и што значи тој збор „ослободени“ – дали тоа значи ослободување или ослободување. Исто така ВМРО-ДПМНЕ е против мерката плата од 14.500 за сите затоа што ние наместо да стимулираме потрошувачка сега нема да има потрошувачка. И сега каде е приказната. Ни требаат брзи пари, кои ќе ни обезбедат да бидеме ликвидни, но во исто време не да влијаеме негативно на потрошувачката. И затоа ние велиме дека сега не е моментот да ја скратиме потрошувачката, односно платите на јавната администрација. Ние сме единствена земја со вакви економски мерки, децидна е Димитриеска – Кочоска.