Димитриев: Андонов е човек со кредибилитет и максимално професионално ќе ја извршува функцијата

Премиерот Емил Димитриев, го предложи Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. Во својот говор пред пратениците образложи зошто Андонов е предложен за оваа функција.

Се работи за поранешен припадник на АРМ, МВР, а во делот на науката, подвлече Димитриев, се има посветено на областа од безбедноста.

-Професор на воената академија како и професор и на други високообразовни институции. Од неговата биографија може да се види дека целосната негова научна и професионална кариера е во сферата на одбраната и безбедноста. Моментално работи на воената академија. Сметам дека се работи за човек кој и покрај тоа што работел во МВР и со својот научен кредибилитет  и постигнувања во делот на безбедноста ќе даде максимум за што попрофесионално извршување на својата функција како министер за внатрешни работи, рече Димитриев.

Додаде дека како претседател на Владата, сметаат и на Митко Чавков кој има одлично работно искуство и професионално во МВР и како што додаде со него планираме да биде на една од клучните позиции во министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.