Димитриевска битката за правда ја продолжи пред Советот на јавни обвинители

Сопругата на  Гоце Димитриевски, кој животот го загуби во сообраќајката кај Млечен пред две години, ја продолжи битката за правда во Советот на Јавните обвинители. Бара обвинителката која го водеше овој предметот да биде разрешена.

Човекот кој ни го пресече патот на две полни линии  требаше да одговара дека делотот го направил со умисла а не од небрежност вели Димитриевска. Таа има забелешки и за наредбите за вештачење, но и за тоа што обвинитeлката не ги обезбдила медицинските документите со кои ќе докаже дека поради сообраќајката Наташа го изгубила плодот а не само сопругот. Тоа го направил нејзиниот адвокат.

-Обвинителката не го товари обвинетиот и за кривичното дело Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Тој наместо да ни укаже помош, самиот си барал за себе и тоа уште истиот ден кога нија ја предизвика кобната сообраќајна незгода и ми го уништи животот, живото на нашите родители, на нашите семејства, на пријателите пишува Димитриевска во претставката.

Претседателот на советот Ацо Колевски во тие момети беше на средба со министерот за правда Маричиќ каде меѓу другото разговарале и за реформите, борбата со криминалот но и за одговорноста на обвинителите. Во телефонски разговор ни рече дека претставката на Димитриевска ќе ја разгледаат и ќе побараат од повисоките обвинителства да направат увид во работата на обвинителката.