Димитриевска поднесе претставка за пристрасност за судијката Илиевска

Поради пристрастно судење на судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, сопругата на загинатиот Гоце, Наташа Димитриевска денеска поднесе претставка во Судскиот Совет, објави Сител.

Таа бара од најмоќното правосудно тело во државата да ја преиспита работата на Јосифовиќ за сообраќајката кај „Млечен“, во која Васил Чорбаџиев , возачот на џипот кој го усмрти Гоце , доби условна казна.

Со претставка, Димитриевска ќе се обрати и до Советот на јавни обвинители со која ќе бара преиспитување на постапувањето на обвинителката која го водела предметот.

Во меѓувреме, од Обвинителството денеска најавија дека по приемот на пресудата во писмен формат, ќе вложат жалба на пресудата.

Фото: Сител