Да сум пратеник, не би гласал за францускиот предлог. Тој е неприфатлив за нас. Немам против Бугарите да влезат во Уставот но бугарското собрание да донесе официјална декларација со која го признава македонскиот народ, култура и јазик и еднаш засекогаш ќе се откаже од територијалните аспирации кон Македонија, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во емисијата Студио 10 на ТВ24.
-Европа треба да ги дисциплинира. Ние знаеме како Бугарија и Романија влегоа во ЕУ – тие не исполнуваа услови, тоа беше политичка одлука. Денеска се најпроблематичните во ЕУ. Затоа ЕУ не смее да молчи и треба да ги дисциплинира членките кои не ги почитуваат европските вредности, вели Димитриевски.
Тој истакнува дека во историјата Македонците секогаш биле на вистинската страна.
Во врска со коалицирањето на Алијанса за Албанците со партиите во Владата, Димитриевски иако е коалициски партнер со Арбен Таравари на локално ниво, смета дека коалицирање со Владата во моментов значи само нејзино зајакнување а не подобрување за животот на граѓаните кои се соочени со сериозни егзистенцијални кризи.
-Ние обезбедуваме бесплатен јавен превоз во Куманово со намера да им помогнеме на кумановци кои се погодени од низата кризи, вели Димитриевски и додава дека на загрозени семејства им се субвенционира вода и други давачки.