Димитриевски поради поддршката од граѓаните очекува од СДСМ кандидатура за втор мандат во Куманово

Од владејачката СДСМ според најавите попладне денеска ќе ги потврдат кандидатите за градоначалници на општините за коишто досега немаше најави, а меѓу нив е и градоначалничката позиција во Куманово.

За Куманово освен актуелниот градоначалник Максим Димитриевски кој бара кандидатура од централата на СДСМ за втор мандат, во трка е и актуелниот секретар на општинската организација на СДСМ во Куманово, Оливер Илиевски, за кој по партиски кругови се зборува дека ја има поддршката од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Илиевски на социјалните мрежи наголемо ја промовира својата изборна кампања, а од друга страна се води негативна кампања за актуелниот градоначалник Димитриевски, како просрпски и проруски ориентиран, со тенденција да се прикаже дека е непожелен за гласачите Албанци во Куманово.

Максим Димитриевски во изјава за Слободен печат вели дека поддршкат што ја има од граѓаните на Куманово е мотив повеќе за него да очекува канидатура за следните локални избори.

„Подршката од граѓаните е мотив повеќе за мене да очекувам кандидатура, како и да е, на крајот изборот го прават граѓаните. Сметам дека започнуваме да го менуваме ликот на Куманово, и заедно со мојот тим планираме тоа да го продолжам и во вториот мандат, и градот да го трансформираме во еден модерен и урбан центар по европски терк – изјави Димитриевски за Слободен печат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.