Димитриевски во населбата Гоце Делчев вети кружен тек на влезот во село Проевце

Дождот не ги спречи граѓаните во населбата Гоце Делчев и во населбата Зелен Рид да излезат и да ја дадат поддршката за граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ на независниот кандидат и актуелен градоначалник Максим Димитриевски.

– Во идниот мандат продолжуваме да ги подобруваме условите за живеење во сите населени места во Куманово. Ќе изградиме парк со урбан сквер на влез од населбата Гоце Делчев, но и ќе го уредуваме просторот помеѓу зградите. Следува проширување на капацитетите во ООУ „Кочо Рацин“, а ќе изградиме и нов кружен тек на влез од село Проевце. Ќе го уредиме просторот помеѓу улицата Вараждинска и булеварот  Октомвриска Револуција – рече Димитриевски на средбата со граѓани во населбите Гоце Делчев и Зелен Рид.

Тој најави изградба на нова градинка во Зелен Рид.

– Ќе изградиме нова градинка, со што нашите најмали од оваа населба ќе одат во модерен и нов претучилиштен објект. Се грижиме за сите граѓани, вложувајќи во сите сегменти. Работиме интензивно за развој на мое, на твое, за наше Куманово. На 17 октомври во Куманово победуваат граѓаните – порача Димитриевски.