Димитриевски: Војниците нема да работат во искинати униформи, ќе го вратиме достоинството на АРМ

 

Недозволиво, безобразно и несовесно е на овие поларни временски услови и екстремно ниски температури, припадниците на АРМ да работат во искинати и распаднати униформи! Да носат дотраена опрема, да се  затоплуваат на ќумбиња како во 19-ти век, истакна на денешната прес конференција, Макисм Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме  соопштението:

Такви се информации од војниците кои што доаѓаа директно од касарните. Велат војниците во касарните нема греење!

Погледнете на какви ќумбиња се затоплуваа и се уште се затоплуваат!001

На ништо од ова не реагира досегашната власт во заминување. Напротив, министерот за одбрана, Јолевски и началникот на ГШ, Величковски, повеќе денови се на службени патувања надвор од државава, а и кога се тука си ја префрлуваат одговорноста еден на друг.

Војниците 10 години се оставени да работат во несоодветни, понижувачки услови, иако ја извршува најодговорната задача во државата заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија. Со истите униформи и обувки помагаа на граѓаните во поплавите, а со истите помагаат и денеска во овој снег. Со голи раце, наместо со соодветна механизација.

Сето ова е резултат на неодговорната криминална власт којашто ја оддалечи АРМ од стандардите на НАТО, како што ја оддалечи и Република Македонија од членството  во НАТО.

Затоа припадниците на АРМ, како и мнозинството граѓани гласаа за промени.

И затоа мнозинската волја на граѓаните мора да биде преточена во институциите.

Итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија, којашто ќе води реално остварливи политики и којашто ќе обезбеди и на припадниците на Армијата и на сите луѓе во државата евро-атлантски перспективи.