Димитриевски за навредите од Шилегов: Не коментирам промискуитетни ставови, реализирам проекти за Куманово

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов во вторникот во телевизиски настап на една од телевизиите, го нарече неговиот партиски и колега по должност од Куманово, Максим Димитриевски, неспособен и лицемерен, прозваниот одговори дека нема време да се занимава со „промискуитетни“ изјави.

На прашање на телевизијата Алфа како ќе ја коментира ваквата квалификација од страна на скопскиот градоначалник, Димитриевски вели дека е посветен на проектите во општината со која раководи.

„Немам време да коментирам такви промискуитетни ставови, посветен сум на реализација на проекти за подобрување за инфрасатруктурата во Куманово“, рече Димитриевски за Алфа.

Колку за потсетување, Димитриевски е против менувањето и отстранувањето на натписите во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.