Димитров ја праша Силјановска: Како Преспанскиот договор да не постои, а да почнеме преговори со ЕУ?

Никола Димитров во вечерашната дебата на ТВ 24 ја праша Гордана Силјановска која е нејзината идеја, да не постои Преспанскиот договор, а Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

„Карикатурно е да зборуваме за ЕУ со носител на листа од ДПМНЕ, бидејќи оставштината на нивното владеење придонесе само уште поголема да стане барикадата на тој пат. Успеавме ЕК да не нарече заробена држава. Таа оставштина, еве законот за јавно обвинителството кој беше дел од условите на ЕУ, поради вашите блокади едвај го донесовме. Сите знаеме дека нема да може да отвориме преговори со ЕУ, ако се вратиме на проблемот со Грција. Која е вашата идеја, да не постои Преспанскиот договор, а знаемето на Македонија да остане пред НАТО и да почнеме преговори со ЕУ?“, рече Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.