Димитров-Дендиас: Грција е за одржување на меѓувладините конференции со Македонија и Албанија

Грција е цврсто посветена на европската иднина на целиот регион и посакува одржување на меѓувладините конференции, како прв чекор на пристапните преговори, и со Северна Македонија и со Албанија, истакнал грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендиас, на средбата со вицепремиерот Никола Димитров, соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Двајцата имале тет а тет средба на маргините на економскиот форум Делфи во Атина.

„Секогаш истакнувам дека најголем интерес од европска Северна Македонија имаат токму нашите соседи, кои со нашиот успех во пристапувањето кон ЕУ, обезбедуваат успех и за самите себе како шампиони во регионот, и Грција е одличен пример за тоа“, изјавил Димитров..

Покрај за пристапните преговори, вицепремиерот со Дендиас разговарал и за добрососедските односи и интензивирање на соработката во повеќе области помеѓу Северна Македонија и Грција.