Димитров: ЕУ може да го мониторира Договорот за добрососедство

Повеќе од една година Европската унија не може да си ја спроведе сопствената одлука за почеток на преговори со Македонија. Ова го вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димиторв воп денешното интервју за Радио Слободна Европа, коментирајќи го последното интензивирање на комуникацијата помеѓу државниот врв на Македонија и Бугарија.

Одговарајчи на прашањето колку декларацијата на бугарскиот парламент од 2019 ќе биде застапена во патоказот кој ќе треба да послужи за надминување на спорот помеѓу Скопје и Софија, Димитров вели дека во овој документ предлоожен од португалското претседателство има два дела од компромисот.

– Процесот е во многу деликатна фаза и не би изнесувал детали, за да и се даде шанса на дипломатијата, но гледајќи крупно, компромисот има две страни. Едната страна каде на некој начин се договараме да не се договориме. Во него бугарската страна си има свои позиции и ние си имаме свои позиции.

Вториот дел е таму каде што ние очигледно имаме заеднички позиции и интерес да направиме се што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, со надлежни институции. Да можеме да го спроведеме Договорот за пријателство, вели Димитров на едно од прашањата.

Македонија треба да го достави патоказот во кој ќе бидат содржани барањата од бугарската декларација, која беше донесена во тамошното Собрание во 2019. Димитров вели дека спроведувањето на Договорот за добрососедство може да се мониторира преку Договорот за стабилизација и асоцијација.

– Правно гледано, ЕУ нема надлежност за билатерални договори, меѓутоа преку процесот за стабилизација и асоцијација, каде што седиме ние и целата Европска унија, а претседава високиот претставник – во случајов Борел, тука ЕУ може да го мониторира спроведувањето на Договорот за добрососедство, истакна вицепремиерот.

Тој смета и дека треба да се најде начин за попродуктивна атмосфера во историската билатерална комисија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.