Димитров: Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање на преговорите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил напиша дека европските лидери вчера вечер ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија.

– Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности, напиша хрватскиот премиер Пленковиќ на Твитер.

– Членовите на Советот на ЕУ ги усвоија заклучоците на Советот да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова отвора нова страница на патот на Северна Македонија и Албанија и претставува историска одлука, за нив, за ЕУ и за хрватското претседателство, бидејќи една од нашите главни цели е постигната, се наведува на Твитер профилот на хрватското претседателство со ЕУ.

Шефовите на држави и влади на Европската Унија вчера ја потврдија одлуката донесена во вторникот за отпочнување на преговорите за членство во Северна Македонија и Албанија.

Лидерите на ЕУ вчерашниот состанок го одржаа преку видео конференциска врска поради заканата од ширењето на коронавирусот, што беше и главна тема на состанокот.