Димитров и Коѕијас постигнале компромис за името

Рамка за компромисен договор за клучните елементи од целото прашање за името е договорена на неколкучасовната средба во неделата вечерта во Брисел, меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров односно Никос Коѕијас.

Македонскиот министер за надворешни работи Димитров во понеделникот оцени дека средната со Коѕијас била продуктивна и оти утврдената рамка, во Атина тимови од двете министерства ја доработуваат за да добие форма на билатерална спогодба. Има и елементи кои ќе треба да се допрецизираат на највисоко ниво, за што се најавува опсежен телефонски разговор кон средината на седмицава меѓу премиерите оран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерите на двете земји постигнале договорза името на Македонија, а по завршувањето на преговорите на нивно на технички претставници е се раговара за да се дојде до конечен договор, пишува електронското издание на весникот Та Nea.

Според владин претставник запознаен со текот на разговорите, двајцата министри за надворешни работи направиле значителен напредок, но преговорите не се завршени, и има спротиставеност во повеќе важни моменти. Соговорнокот на весникот предупредува дека не треба да се избрзува и оти е потребно „трпение и смиреност до самитот во јуни“.

„Двајцата министри а надворешни работи завршија со она што го преземавме од премиерите на двете држави… Денеск, и веројатно утре, ќе продолжиме да преговараме на експертско ниво, техничките и правните прашања се она што треба да се реши“, изјави Коѕијас по завршувањето на сосстанокот на Совето на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникит во Брисел.

Коѕијас додаде дека „штом ќе бидат појаснети техничките и правите прашања, текстот подготвен на ниво на министр за надворешни рабти ќе им биде даден на двајцата премиери кои ќе разговараат за конечниот договор“.

Претходно грчката телевизија SKAI објави дека најмалку еднаш, а можеби и двапати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица. Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц, а телевизијата оцени дека „откако потона Илинден се чини дека е во тек маратон за да не се загуби можноста“ и да се затвори прашањето до Советот на ЕУ на крајот од јуни.

„Според информациите што ги имаме, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако минатата сабота, ги известија претседателите и лидерите на политичките партии, контактираа телефонски најмалку еднаш или два пати и треба да додадеме дека дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт. Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор“, објави грчката телевизија.

Во понеделникот во Брисел дополнителни детали не се соопштуваат. Ниту Димитров, ниту Коѕијас во понеделникот не дадоа никкави поединости од текот на разговорите.

„Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме тоа искуство и да му дадеме шанса на процесот“, кусо изјави Димитров.

Шефот на македонската дипломатија по синоќешната средба со грчкиот колега по должноста во понеделникот претпладнето имаше неформален појадок со дел од министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија. Одделно Димитров ја брифираше и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

„Сите сме охрабрени од постигнатиот напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје за прашањето за името. Сите ќе работиме на поддршка на, како што се надевам, позитивен епилог од овие значајни преговори“, истакна Могерини.

Двајцата министри пред Брисел имаа интензивни два дена во Њујорк, каде разговараа и со посредникот Метју Нимиц и каде очигледно биле доутврдувани одредени сегменти од можното пакет-решение.

Со новото интезивирање на разговорите и сериозната шанса за конечно затворање на процесот во Грција, се реактивираат повиците за нови протести. За наредната седмица најавени со нови собири зачувување на „грчкиот карактер на Македонија“. Таканаречениот „комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, кој се претставува како организатор, повикува на поддршка за, како што се наведува, борба на грчките граѓани против распродавањето на името на Македонија.