Димитров и Османи ја убедуваат Данска за поддршка во ЕУ-интеграциите

Вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Данска се состанаа со министерот за надворешни работи, Јепе Кофод и со Вибеке Пастернак Јоргенсен, главен советник за европски прашања на премиерката.

Главна цел на посетата беше барање поддршка за евроинтегративните процеси. Но, на средбите се разговарало и за случајот „Ракет“, за кој владините претставници изразиле поддршка за целосно расчистување без оглед на против кого се води истрагата. Тие ги увериле властите во Данска дека разговорите за законот за Јавното обвинителство се во тек и оти реформата ќе се спроведе навреме.