Димитров и Османи на разговор со Захариева во Берлин

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Од Владата за МИА потврдуваат дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.

Целта на разговорите е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.