Димитров: Или ќе ја обновиме или ќе ја изгубиме кредибилноста на ЕУ на Балканот

Или ќе ја обновиме или ќе ја изгубиме кредибилноста на Европската Унија на Балканот. Ова го порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија.

Тој рече дека е големо задоволство да се биде во Брдо во Словенија и дека ја цени поканата на словенечкото претседателство. За него има смисла земјите од регионот да бидат таму со земјите членки на Европската Унија. Ја искоментира темата на состанокот „Кон поотпорна Европска Унија по ковид-кризата“.

-Сите знаеме дека вирусот не познава граници, нема познавања околу статус на ченство или статус на кандидат. Географски ние сме опкружени со земји-членки, ова треба да го направиме заедно со ЕУ. Затоа едвај ја чекам дискусијата. Веројатно ќе го отвориме прашањето за пристапување и проширување. Го спомнав зборот криза, доаѓа од етимологија на решителност. Мислам дека под словонечкото претседателство во следните недели и месеци ќе ја достигнеме оваа точка на решителност. Или ќе ја обновиме кредибилноста на ЕУ на Балканот или ќе ја изгубиме. Мислам дека многу зависи од знаењето и мудроста на словенечкото претседателство да успееме, а не да потфрлиме – рече Димитров.