Димитров: Имаме шанса во октомври да добиеме датум за преговори со ЕУ

Добивањето позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори со ЕУ е уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, а што истовремено ќе создаде нов импулс за нас, за целиот регион и за ЕУ, рекол министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средбите во Париз со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

-Со Преспанскиот договор успеавме со нашите грчки пријатели да постигнеме вистински европски компромис во регион каде тешко се прават компромиси. Нашата цел е да станеме европска земја, а тоа пред се значи владеење на правото. Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври – нагласил Димитров, порачувајќи дека треба да се искористи оваа, како што вели, историска шанса и во октомври земјава да добие одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.