Димитров: Ќе биде чудо ако го решиме спорот со Грција

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Софија порача дека е потребно „чудо“ да се реши спорот за името со Грција и побара од ЕУ датум за почеток на преговорите.

Ќе биде чудо доколку успееме да го решиме спорот за името со Грција, но чудата се можни. А, денес на сите ни се потребни чуда, рече Димитров, во пресрет на утрешниот состанок меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија.

Димитров денеска учествуваше на еден од панелите во Софија, заедно со бугарскиот и хрватскиот премиер Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.