Димитров: Мора да запре праксата за амбасадори да се испраќаат политичари

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кој го придружува премиерот Зоран Заев во Софија, денеска изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на ЕУ во Брисел.

– Постапката ќе се запре. Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко партиски фолклор, рече Димитров одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашните несогласувања меѓу власта и опозицијата во собраниската Комисијата за надворешна политика околу назначувањето на Николовски.

Димитров, јави известувачот на МИА од Сфија, нагласи дека за случајот со Николовски нема основа за понатамошна дебата. Вели дека кога би бил на негово место, би повлекол и не би го држел ова прашање отворено.

– Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија. Ќе ја претставува политичката партија или Република Македонија особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ, збалежа Димитров.

Според него, мора да запре праксата за амбасадори да се испраќаат политичари.

– Мислам дека во Македонија ќе мора да престанеме да се испраќаме амбасадор политичар или да се почнува со постапка за испраќање човек за амбасадор кој што е политичар пред одржување на изборите, бидејќи логиката на испраќање на некој кој ви е политички близок, особено во голем центар, е да работи со вас додека сте власт. Ние имаме неколкупати направано вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме, изјави Димитров

Посочи на примерот во САД каде што по автоматизам вднаш штом има нов претседател сите амбасадори кои се политички поставени ковертираат оставки. Во Австралија, пак, додаде Димитров, од 101 амбасадори само тројца се политичари, а во Бугарија некаде 20 проценти.

– Мислам дека и околу тоа треба да имаме политички договор во која мера и можеби на кои места ќе ја задржиме традицијата на испраќање амбасадори политичари, а каде малку ќе го зголемиме и потенцираме професионализмот, рече министерот за надворешни работи.