Димитров: Нам ни треба доказ од Бугарија дека имаат добра волја, должност е на нашата влада тоа да го бара

Должност на нашата влада е да бара доказ дека и Бугарија има добра волја за отстапки, изјави за „Топ тема“ на Телма Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи до неодамна вицепремиер за европски прашања, потенцирајќи дека треба прво да се договори и да се спроведува сѐ, а не како сега кога Владата уште од втор ден прави отстапки без Бугарија да направи чекор.

„Нам, исто такам ни треба доказ дека другата страна има добра волја, можеби повеќе отколку ние. Ние имавме дури и подавање рака во Берлин со тогашната министерка Захариева каде н некој начин ги усогласивме работите во присуство на министерот Мас и министерот Михаил Рот. После тоа Бугарија ретерираше од тоа разбирање“, рече Димитров.

Потенцираше дека во таа смисла мислам дека ние должност и ние од другата страна да бараме добра волја и посочи дека ќе беше добро Бугарија да го деблокираше договорот со Фронтекс.

„Позицијата беше ништо не спроведуваме додека не е договорено се. Ние денес втор ден од новата влада имаме спроведување на еден елемент без тоа бугарската страна да направи чекор“, истакна Димитров