Димитров не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на државата

62

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој  се споменува како можен кандидат за претседател на државата, вечерва не ја исклучи можноста да се кандидира за оваа функција.

Во емисијата „Отворено” на телевизија „24 Вести”, Димитров рече дека е чест што се спомнува негово име како можен кандидат за претседател и одговори потврдно на новинарското прашање дали ќе се кандидира, притоа додавајќи  дека не е во фаза во која може многу подиректно да одговори.

Сега ние сме во еден важен процес на консултации, се проверува мислењето на граѓаните и коалициските партнери. Мислам дека има многу имиња што се одлични од овие што се споменуваат. Јас сум повеќе искрен, отколку скромен. Во секој случај, што се споменува моето име е чест, рече Димитров.

Процесот на консултации, според Димитров, ќе даде одличен кандидат, а во оваа фаза смета дека е поважно да се размислува кои се лекциите што може да се извлечат од последните десет години од  функцијата претседател, посочувајќи на искуствата со помилувањата, доделувањето на мандатот и непотпишувањето на законите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.