Димитров: Не може Јанева да биде причина за откажување, мора да продолжиме

За случувањата околу Специјалното јавно обвинителство министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на министерскиот состанок со ЕУ во Хелсинки, потсети дека Катица Јанева е во притвор, но и дека треба да се почитува пресумпцијата на невиност.

– Сепак, има индикации дека е инволвирана што остава горчливо чувство бидејќи жедта за правда е огромна, она што е важно е дека кога проблемот е откриен, клучно е системот да реагира. Една личност не може да биде причина целата нација да се откаже, ние мораме да продолжиме, а патот е владеењето на правото – рече  Димитров.