Димитров не одрече дали би се кандидирал за претседател

793

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во интервју за Сител, запрашан за можноста со претседателските да се одржат предвремени парламентарни избори нагласи дека тој по природата на ресорот што го води е упатен да ја има големата слика во вид.

-Од една страна разбирам, на некој начин Владата беше предизвикана од опозицијата да размислува за вонредни парламентарни избори во ситуација кога сите анкети велат дека опозицијата ќе загуби. Втор аргумент може да биде тоа што решивме едно големо прашање и инстиктивно сакаме да си го освежиме легитиметот пред народот, вели Димитров но напоменува дека од друга страна државниот интерес налага овие месеци што претстојат до објавување на извештајот на ЕК да се искористат за тоа, бидејќи и ЕУ се соочува со свои предизвици во периодот што престои.

Нашата задача во оваа смисла е да обезбедиме се за да ги дадеме резултатите – тоа е НАТО членство или почеток на преговори, додава шефот на македонската дипломатија.

На прашањето дали планира да се кандидира за претседателските избори, вели дека предност му е европскиот пат на земјата. Додава дека во СДСМ ќе се отвори процес на дебата, анкети, консултации со коалициски партнери, во кои ќе биде вклучен и тој.

-Во оваа фаза важно е повеќе да мислиме на тоа каков профил ни треба за преседателски кандидат, истакна Димитров и изрази уверување дека ќе излезат со одличен кандидат за шеф на државата.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.