Димитров: Потребни се мерки за олабавување на монетарната политика

67

Последиците од ширењето на коронавирусот се чувтствува и на светско и на домашно ниво. Ангел Димитров претседател на Организација на работодавачи вели дека за очекување е Ковид 19 да удри и врз ликвидноста на фирмите. Затоа потребни се мерки во делот на олабавување на монетарната политика, Управата за јавни приходи да не испорачува казнени камати во овој момент. Тој истакна дека големите светски економии работат на распоредување на буџетските средства, а се насочени кон обезбедување на средства за спречување на ширењето на вирусот, но и кон пласман на евтини кредити за компаниите.

– Овие проблеми денеска верувајте после 15 до 20 дена ќе се одразат на исплаќање на платата. Затоа што ликвидноста на фирмите ќе се наруши. Затоа многу земји препорачуваат од нивните државни банки, какошто е нашава Македонска банка за поддршка на развој да даваат со многу мали камати, такви ликвидни средства, за да се одржи ликвидноста на компаниите, вели Димитров.

Според него, сериозен проблем е што на земјава и претстојат избори, па какошто вели на Владата и се врзани рацете во овој случај за носење на закон, кој ќе помогне на стопанството.

-Јас мислам ако состојбата се влоши ниту избори ни требаат, ниту други работи ни требаат, туку треба да ја стабилизираме состојбата, да го свикаме Парламентот и да ги решиме овие проблеми, рече Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.